вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 159
home Вести

За едно деноноќие нови 6.000 новозаразени од коронавирусот во Русија

За едно деноноќие нови 6.000 новозаразени од коронавирусот во Русија

Во последните 24 часа во Русија се потврдени нови 6.611 случаи на коронавирусот во 85 региони, од кои 1.907 асимптоматични, се вели во соопштението на власта.

Во истиот период има над 135 смртни случаи од истата болест а 3.579 излечени.

Од почетокот на епидемијата во Русија се регистрирани вкупно 687.862 случаи.

Во светот за сега има повеќе од 11 милиони заразени од Ковид-19.

Коронавирус