среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 150
home Вести

За еден ден спасени повеќе од 600 мигранти од крајбрежјето на Шпанија

За еден ден спасени повеќе од 600 мигранти од крајбрежјето на Шпанија

Уште 613 луѓе биле спасени во Гибралтарскиот теснец денеска, додека се обидувале  од Северна Африка да стигнат до Европа, соопштија шпанските власти.

Со тоа, вкупниот број на мигранти спасени од шпанските власти во текот на последните три дена го надмина бројот од 1.400 луѓе. Добрите временски услови во областа во последниве денови ги поттикна илегалните имигранти да заминат на ризично патување низ Средоземното Море. Во претходните два дена беа спасени 800 мигранти.

Само денеска, Морската спасувачка служба на Шпанија успеа да извади од морето 377 лица од 18 чамци во Гибралтарскиот теснец, и уште 236 од други три чамци во морето источно од теснецот. 

МИА

Коронавирус