четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 100
home Вести

За девет дена ќе се тестира целото население- Словачка по втор пат реши да прави масовно тестирање

За девет дена ќе се тестира целото население- Словачка по втор пат реши да прави масовно тестирање

Словачка почна ново масовно тестирање за коронавирус, со намера да се укинат некои ограничувања на луѓето кои имаат негативен тест на Ковид-19.

Тестирањето, исто така, ќе послужи како основа за нови локални ограничувања во земјата со 73 окрузи.

Сите Словаци ќе добијат антиген тест помеѓу понеделник и 26 јануари, по што ќе се бара негативен тест за антиген или PCR за да одат на работа или на патувања во природата, согласно компромисно решение меѓу премиерот Игор Матович – кој продолжува да инсистира на масовно тестирање за ковид-19 и неговите коалициски партнери.

– Одлучивме да комбинираме блокада со масовно тестирање, рече премиерот Игор Матович на прес-конференција.

– Потоа ќе интервенираме во областите каде што треба да се стави под контрола ситуацијата, нагласи тој.

Последните тестови ќе завршат на 26 јануари. Од 27 јануари, Словаците на возраст од 15 до 65 години ќе можат слободно да се движат доколку имаат негативен тест за антиген или ПЦР.

Министерот за здравство Марек Крајчи рече дека по тестот, Словачка ќе биде поделена на 37 лоши и 36 добри окрузи.

– Во лоши области, скринингот ќе се повтори. Од 3 февруари, ќе треба да се докаже со негативен тест кога ќе влезете на работното место, рече тој.

Коронавирус