среда, 28. јули 2021. Вести денес: 128
home Вести

За да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат, Полска организира лотарија

За да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат, Полска организира лотарија
МИА

Во Полска се организира лотарија со добивка до еден милион злоти (274.000 американски долари) за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат против Ковид-19, изјави синоќа министерот за имунизација Михал Дворчик, јави ДПА.

Според него, речиси 69 проценти од полските граѓани се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат, но најголемиот проблем е да се осигура дека ќе го сторат тоа. Дворчик потсети дека истакнати спортисти и актери биле вклучени во кампањата за вакцинација.

– Освен овие традиционални форми, ние го даваме овој дополнителен предлог, истакна Дворчик.

Предвидени се награди и за првите петстотини општини од 100.000 злоти (27.397 долари), кои имаат 78,5 проценти имунизирани.

Дворчик наведе дека Владата одвоила повеќе од 31 милиони евра за лотарија, која ќе започне на 1 јули.

Досега се аплицирани 18,3 милиони дози вакцини во Полска, која има над 38 милиони жители. Досега целосно вакцинирани се 5,6 милиони луѓе. (МИА)

Коронавирус