недела, 29. март 2020. Вести денес: 41
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

За 24 часа во Шведска 18 смртни случаи од коронавирус

За 24 часа во Шведска 18 смртни случаи од коронавирус

Шведска забележа нагло зголемување на бројот на смртни случаи што може да го промени прилично опуштениот став на таа скандинавска земја во борбата против коронавирусот.

Во Шведска училиштата и рестораните сè уште се отворени, а некои епидемиолози дури ги охрабруваат граѓаните да излезат на сонце и свеж воздух.

Здравствените власти регистрираа 18 смртни случаи во текот на средата, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 62, во земја со 18 милиони луѓе. Позитивни на вирусот се 2.510 лица, од кои 176 се на интензивна нега.

Шефот на здравствената служба во Стокхолм, Бјорн Ериксон, изјави дека состојбата е лоша, неколку часа откако Андерс Тегнел од шведската агенција за јавно здравје на прес-конференција изјави дека ситуацијата е стабилна.

Во соседна Данска, владата планира да забрани собирање на група на повеќе од десет лица.

Во Финска, владата објави дека ќе воведе вонредна мерка за ограничување на движењето на граѓаните кон и од клучниот јужен регион на главниот град Хелсинки, за да се спречи ширењето на коронавирусот во другите региони.