понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 103
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

За 24 часа 6000 новозаразени лица во Индија

За 24 часа 6000 новозаразени лица во Индија

Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 6.000 новозаразени случаи на Ковид-19, што претставува рекорден број од почетокот на епидемијата на новиот коронавирус.

Информацијата доаѓа во момент кога индиските власти почнаа со ублажување на рестриктивните мерки и делумно го обновуваат националниот воздушен сообраќај.

Досега во Индија се регистрирани 118.000 случаи на Ковид-19, околу пет отсто повеќе од вчера, а починати се вкупно 3.853 лица. (МИА)

Коронавирус