понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 18
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

За 24 часа 471 смртни случаи во Франција- малку намален бројот на примени на интензивна нега

За 24 часа 471 смртни случаи во Франција- малку намален бројот на примени на интензивна нега

Во Франција во моментов на болничко лекување се 26.646 лица заболени од коронавирусот, бројот на примени на интензивна нега малку се намали во последните 24 часа, јави дописникот на МИА.

Жером Саломон, Генералниот директор за здравство на редовната прес конференција, откако потсети дека Италија, Шпанија и Соединетите држави се трите земји со најмногу жртви, соопшти дека од 1 март, во болниците на Франција имало 4.503 смртни случаи, или 471 повеќе во последните 24 часа.Toa претставува мало намалување на бројот на починатите, вчера имаше 509.

Ургентните служби во последното деноноќие имаа 1.395 консултации, а 39 отсто oд пациентите биле хоспитализирани, од кои четири отсто на интензивна нега. На реанимација за 24 часа се најдоа 382 лица, што исто така претставува намалување во однос на вчерашните 452, во вторникот 458 и во понеделникот 475.

На болничко лекување се наоѓаат вкупно 26.646 лица, од нив 6.399 пациенти се на интензивна нега, 35 отсто од нив се под 60 години, а 90 од нив се под 30 години.

Направени се 36.155 тестови, од кои 30 отсто биле позитивни.

Коронавирус