среда, 14. април 2021. Вести денес: 173
home Вести

Вулканот Сангај исфрли големо количество пепел, покриени повеќе еквадорски провинции

Вулканот Сангај исфрли големо количество пепел, покриени повеќе еквадорски провинции

Вулканот Сангај во Еквадор исфрли големо количество пепел, што денеска падна врз пет еквадорски провинции.

– Погодени се провинциите Чимборасо, Гвајас, Боливар, Лос Риос и Кањар, објави на Твитер еквадорската Служба за вонредни ситуации.

Андскиот регион Чимборасо, со половина милион жители, од јуни минатата година е во трето ниво на аларм поради ерупција на Сангај.

Во септемвти пепелта стигна и до Гвајакила, главниот град на провинцијата Гвајас, при што привремено беше затворен и тамошниот аеродром.

Вулканот Сангај е висок 5.230 метри и се наоѓа на 195 километри оддалеченост од главниот град на Еквадор, Кито. Тој е еден од постојано активните вулкани на Еквадор. Се претпоставува дека е активен без престан од 1628 година.

Коронавирус