четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Вулканот Етна денеска повторно се закани

Вулканот Етна денеска повторно се закани

Италијанскиот вулкан Етна денеска повторно исфрли пепел, а со помош на ветрот чадот и пепелта се кренаа многу високо во воздухот и стигнаа до пристанишниот град Катанија.

Вулканот испушти и послаби млазеви од лава, а Вулканолошкиот институт ИНГВ соопшти дека е тоа осмиот „пароксизам“ за време на последните активности на вулканот, пренесе Анса.

Како наведе агенцијата, вулканската пепел падна и на помалите градови и села во подножјето на планината Етна, како што се Николоси, Трекестањи, Педара, Сан Антонио и Сан Грегорио.

Етна се наоѓа на источниот брег на Сицилија и е највисокиот вулкан во Европа и е еден од најактивните во светот.

Коронавирус