четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 154
home Вести

Вухан е отворен по 76 дена изолација

Вухан е отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ги одблокираа сите излези од Вухан, градот кој беше жариште на епидемијата од коонавирус и 76 дена беше отсечен од надворешниот свет.

Властите ги отворија патиштата кои водат од градот и им дозволија на граѓаните да го напуштат градот со автомобил.

Вухан од 23 јануари беше изолиран од надворешниот свет поради епидемијата од Ковид-19. Сообраќајот беше потполно запрен, вклучително и метрото, автобусите и траектите. Не беше дозволен влез со автобус, ниту по воден сообраќај, а не работеше ниту аеродромот, ниту железницата, а на жителите на градот им беше забрането да го напуштат без посебно одобрување.

Од 28 март во Вухан повторно проработи железничкиот сообраќај за влез во градот, а сега веќе ќе биде отворен и за излез, додека делумно ќе се обнови и воздушниот сообраќај.

Коронавирус