среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 129
home Вести

Вториот круг од локалните избори во Франција најверојатно ќе се одржи на крајот од јуни

Вториот круг од локалните избори во Франција најверојатно ќе се одржи на крајот од јуни

Вториот круг на локалните избори во Франција, чиј прв круг се одржа на 15 март, можно е да се одржи на 21 или 28 јуни, најави министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, оставајќи ја можноста во септември да има целосно прегласување, јави дописникот на МИА.

– Правилото беше изгласано со Законот од 23 март, на 23 мај ќе треба да претставиме извештај пред Парламентот за состојба во земјата, а научниот совет ќе каже дали може да се одржи вториот круг од изборите во 5.000 од 35.000 општини кои не ги избраа целосно општинските совети при првиот круг од изборите, изјави Кастанер за радиото РТЛ.

Одлуката дали тоа ќе биде на 21 или на 28 јуни ќе биде донесена заеднички со Парламентот.

Сепак Министерството за внатрешни работи на Франција ја разгледува и можноста вториот круг од изборите да се одржи на крајот од септември. Додека во општините каде новите општински совети беа избрани тие треба што е можно побрзо да почнат со работа о дносно кон крајот на мај, почетокот на јуни, кога состојбата со новиот коронавирус ќе го дозволи тоа.

ЕУРО 2020

Македонија