среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Вториот бран на коронавирус во Холандија многу загрижува, ќе бидат потребни нови мерки

Вториот бран на коронавирус во Холандија многу загрижува, ќе бидат потребни нови мерки

Вториот бран на коронавирус во Холандија многу загрижува и ќе треба да се воведат нови ограничувачки мерки, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте.

Тој ја даде изјавата откако беше регистриран уште еден рекорден број на нови инфекции во Холандија во претходните 24 часа – 2.777 случаи на заразени со новиот коронавирус.

– Бројките изгледаат навистина ужасно…Накратко, ситуацијата е многу загрижувачка и ќе не принуди да воведеме дополнителни мерки, изјави Руте на прес-конференција.

Објавување на мерките се очекува идната недела. (MИА)

Коронавирус