сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 105
home Вести

Втората руска вакцина против Ковид 19 ќе биде регистрирана до 15 октомври

Втората руска вакцина против Ковид 19 ќе биде регистрирана до 15 октомври

Втората руска вакцина против Ковид 19, изработена од сибирскиот институт „Вектор“, ќе биде регистрирана до 15 октомври, соопшти денеска агенцијата за заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“.

„Министерството за здравство на Руската Федерација ја започна постапката за регистрација на вакцината  ’EpiVacCorona’. Процедурата за регистрација се планира да заврши до 15 октомври, се наведува во соопштението.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, вакцината ќе се произведува во индустриската фабрика на истражувачкиот центар „Вектор“.

По регистрацијата на вакцината, ќе започнат клинички испитувања со учество на волонтери постари од 60 години, како и лица со хронични заболувања.

На 24 јули, истражувачкиот центар Вектор доби дозвола од руското Министерство за здравство да спроведе клинички испитувања на вакцината врз доброволци. (МИА)

Коронавирус