понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Втора посета на Ким Џонг-ун на Кина

Втора посета на Ким Џонг-ун на Кина

Кинеската новинска агенција Синхуа денеска објави дека претседателот Си Џинпинг се сретна со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун во Далиан, северна Кина.

Кинеската државна телевизија емитуваше снимка од средбата на Си со Ким. Двајцата лидери имале средба синоќа и денеска. Тоа е втора посета на Ким на Кина за два месеца.

– По првата средба со другарот претседател (Ким) односите меѓу Кина и Северна Кореја позитивно се развиваат, точно како и ситуацијата на Корејскиот Полуостров. Среќен сум поради тоа, истакна Си.

Ким на средбата изразил надеж дека ќе се преземат „поетапни“ и „синхтонизирани“ мерки за денуклеаризација и траен мир на Корејскиот Полуостров.

Претходно, јапонски и јужнокорејски медиуми јавија дека во авионот кој вчера слета на кинескиот аеродром Далиан, најверојатно бил и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Нивните тврдења се поради силните безбедносни мерки околу аеродромот, како и поради тоа што не постои редовна авиолинија од Северна Кореја за Кина.

Јапонската новинска агенција Кјодо објави дека во Далиан слетал специјален авион на севернокорејската авиокомпанија „Ер Корјо“, а претходно од аеродромот бил откажан летот за Јапонија на кинескиот премиер Ли Кечијанг.  Кјодо наведува дека Ли го пролонгирал летот за да се сретне со севернокорејскиот претставник. Кинескиот премиер денеска треба да ја почне четиридневната посета на Јапонија, при што е предвидено да се сретне со јапонскиот премиер Шинѕо Абе и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

(Миа)

Коронавирус