вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 76
home Вести

Втор случај на заболен од новиот коронавирус во САД

Втор случај на заболен од новиот коронавирус во САД

Центарот за контрола и спречување болести во САД денеска потврди за втор регистриран случај на заболен од новиот коронавирус. Инфицирана е жена на возраст од 60 години во Чикаго која неодамна била во Вухан, во Кина.

Според Центарот, жената не користела јавен превоз и не била болна кога патувала, соопштија здравствените власти во Чикаго.

Од 63 лица кои се под лекарски надзор од 22 држави, 11 се тестирани негативно, соопшти Центарот на прес конференција.

Новооткриениот вирус уби 26 лица и зарази повеќе од 800, но повеќето случаи и сите смртни случаи досега има во Кина, каде властите воведоа ограничувања за патувања и јавни собири.