понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Втор круг претседателски избори во Полска

Втор круг претседателски избори во Полска

Речиси 30 милиони Полјаци денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори и избираат меѓу опозицискиот кандидат, градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски и актуелниот претседател Анджеј Дуда.

Поради епидемијата на коронавирусот, изборите се одвиваат со засилени санитарни мерки, комбинирани на над 27.000 избирачки места, но секој што е во карантин или едноставно се плаши да гласа, може да го испрати својот глас по пошта.

Центарот за безбедност на полската Влада вчера им испратил СМС на сите Полјаци дека постарите граѓани, бремените жени и мајките со деца до три години имаат предност на избирачките места и не треба да чекаат во долги редови како во првиот круг на 26 јуни.

Тогаш, меѓу 11-те кандидати, Дуда освои 43 проценти од гласовите и во вториот круг влезе како фаворит, додека популарниот опозициски градоначалник на Варшава, Тшасковски, освои 30 отсто од гласовите. (МИА)

Коронавирус