петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 45
home Вести

Втор ден по ред паѓа бројот на новозаразени со коронавирусот во Кина

Втор ден по ред паѓа бројот на новозаразени со коронавирусот во Кина

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Кина опаѓа, додека бројот на починати се големи на 1.113 , соопшти здравствената комисија на земјата.

Во последните 24 часа во кина се потврдени нови 2.015 заразени лица, што претставува пад на бројот на заразени втор ден по ред. Вкупниот број на случаи во континентална Кина достигна 44.653, иако многу експерти тврдат дека голем број заразени не се евидентирани.

За тоа време, во Женева продолжува дводневниот форум на Светската здравствена организација, на кој 400 научници се обидуваат да забрзаат развој ан тестови, лекување и вакцини во борбата против вирусот, чие официјално име е Ковид-19.

Целта на форумот е да се идентификуваат празнините во знаењето и приоритетите во истражувањата, со цел да се добијат научни информации и медицински производи кои се најпотребни за да се минимизира влијанието на вирусот.

Учесниците се обидуваат да го идентификуваат вистинскиот извор на инфекцијата, да разменат биолошки примероци и делови од геномот на вирусот. Тие ќе се обидат да утврдат кои пристапи се доволно ветувачки за да се премине на следниот чекор, односно тестирање на луѓе за да види дали тие пристапи навистина функционираат.

На дневен ред е и прашањето дали е можно да се создаде постојана залиха на лекови, слична на залихата на вакцини што постоела за болести како жолта треска и ебола.

– Ако некој од лековите даде резултати, ќе има масовна побарувачка, изјави на почетокот од неделава Греам Кук, експерт за заразни болести на лондонскиот Империјал колеџ.

Засега нема докажани начини на лекување или вакцини за новиот вирус.

Коронавирус