недела, 20. септември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Втор ден по ред над 3000 новозаразени во Велика Британија

Втор ден по ред над 3000 новозаразени во Велика Британија

Велика Британија регистрираше повеќе од 3.000 нови случаи на коронавирус втор ден по ред.

Одделот за здравство и социјална заштита забележа дневно зголемување од 3.497 нови случаи, нешто помалку од бројката од 3.539 во петокот, што е најголем дневен биланс од 17 мај.

Дневните пријавени случаи се двојно повеќе од седмица или две наназад, што е големо зголемување кое предизвика загриженост околу вториот бран на епидемијата.

Велика Британија пријави повеќе од 41.600 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што е најмногу во Европа. Британската влада објави дека социјалните собири во Англија ќе бидат ограничени на шест лица во затворено и надвор, а прекршителите на правилата од утре ќе бидат парично казнувани. (МИА)

Коронавирус