недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 71
home Вести

Врие од туристи во Чернобил: Важни правила за посетите, што добивате и што не смеете?

Врие од туристи во Чернобил: Важни правила за посетите, што добивате и што не смеете?

Телевизиската серија „Чернобил“, во продукција на Ејч-би-о, за несреќата во советската нуклеарна централа, го стимулира глобалниот интерес за настанот во 1986 година, но и туризмот во Литванија.

Локацијата каде се снимала серијата во оваа балтичка држава, стана центар на таканаречениот „атомски туризам“, со емитувањето на серијата на почетокот од оваа година.

Електраната „Игналина“ била дизајнирана на сличен начин како нуклеарната централа во Чернобил. Објектот поседува исти реактори што се ладат со вода и се контролираат со графитни шипки, а капацитетот им е 1.500 мегавати. „Игналина“ била затворена пред десет години, а нејзиното затворање и демонтирање бил услов за влегување на Литванија во Европската унија во 2004 година.

Електраната сега е отворена за туристи. Минатата година ја посетиле 2.240 лица, а само до јули годинава имало 1.630 посети. Интересот за објектот продолжува да расте.

Посетата и електраната, оддалечена 160 километри северно од Вилнус, трае околу три часа.

Посетителите добиваат дозиметри, пластични шлемови, бела облека и чевли пред да ги заобиколат долгите, слабо осветлени ходници, просториите на реакторите и контролните центри со црвеното копче што во Чернобил било притиснато, непосредно пред експлозијата.

Строго е забрането користење на мобилни телефони, камери и консумирање на храна, пијалаци и цигари.

Билет чини 67 евра по лице, а влезниците се продаваат до католички Божиќ.