сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 44
home Вести

Врховниот суд на САД ја поништи пресудата со која се легализираше абортусот

Врховниот суд на САД ја поништи пресудата со која се легализираше абортусот

Врховниот суд на САД денеска ја поништи 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја, поради што милиони жени ќе го изгубат законското право на абортус.

Судот ја поништи значајната одлука во случајот Роу против Вејд, со која технички беше укинато федералното уставно право на абортус во САД.

Сега државите одделно можат да одлучуваат за законитоста на абортусот.

„Сметаме дека Уставот не дава право на абортус и овластувањето за регулирање на прашањето за абортусот мора да им се врати на граѓаните и нивните избрани претставници“, се наведува во соопштението. (МИА)

Коронавирус