среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 131
home Вести

Врховниот суд на Пакистан го ослободи осудениот за убиството на новинарот Перл

Врховниот суд на Пакистан го ослободи осудениот за убиството на новинарот Перл

Пакистанскиот Врховен суд денеска наложи ослободување од затвор на терористот Ахмед Омар Саид Шеик, кој во 2002 година беше осуден за киднапирање и убиство на американскиот новинар Даниел Перл.

За убиството на Перл во 2002 година беа уапсени четири мажи и осудени за киднапирање и убиство на новинарот на Волстрит Џурнал. Шеик, кој е британски државјанин, тогаш беше осуден на смртна казна, но во април 2020 година Вишиот суд во пакистанската провинција Синд ги ослободи тројцата осуденици, а смртната казна за Шеик ја преиначи во доживотен затвор повикувајќи се на недостиг на докази.

Врховниот суд на Пакистан на 28 јануари годинава донесе ослободителна пресуда за Шеик.

Перл (38) истражувал исламистички милитанти во Карачи по нападите во САД на 11 септември 2001 година, а се појави и видео на кое се гледа како тој е обезглавен неколку недели откако бил киднапиран.

Улогата на Шеик во убиството на Перл долго време беше доведена во прашање. За 47-годишниот маж се знае дека учествувал во киднапирањето на новинарот, кој известувал за активностите на Ал Каеда во Карачи, но никогаш не било утврдено дали тој исто така учествувал во неговото убиство.

ЕУРО 2020

Македонија