вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 183
Во живо

Вонредна пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ: Објава на нови шокантни детали од злоупотребата на институциите со цел притисок врз граѓаните да гласаат за СДСМ

home Вести

Времен договор помеѓу Иран И МААЕ

Времен договор помеѓу Иран И МААЕ

Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) постигнаа времен договор за продолжување на активноста за верификација на таа агенција во иранските нуклеарни постројки, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси по разговорот со ирански претставници во Техеран.

– Интензивните консултации доведоа до добар резултат. Постигнат е времен технички договор. МААЕ ќе ја продолжи неопходната верификација и надзор во Иран, напиша Гроси на Твитер.

Според заедничката изјава на Иранската организација за атомска енергија (ИОАЕ) и МААЕ, Иран ќе продолжи да ги спроведува своите обврски кон договорот за заштитните мерки со МААЕ.

Договорот ќе стапи во сила утре и ќе и овозможи на МААЕ да ја продолжи потребната верификација и надзор во период од три месеци.

Локални избори 2021