четврток, 5. август 2021. Вести денес: 72
home Вести

Вредноста на либанската валута на историски најниско ниво

Вредноста на либанската валута на историски најниско ниво

Вредноста на либанската валута е на историски најниско ниво во момент на влошена економска и политичка криза во земјата, без да се видат очигледни решенија во блиска иднина.

Либанската фунта изгуби повеќе од 90 проценти од својата вредност од октомври 2019 година, кога почнаа антивладините протести. Инфлацијата нагло се зголеми во Либан, кој увезува повеќе од 80 проценти од основните производи. Во март минатата година, за првпат во својата историја, земјата не успеа да го плати својот долг.

Во исто време, политичките разлики помеѓу претседателот Мишел Аун и мандатарот Саад Харири во октомври спречија формирање нова влада.

На црниот пазар вчера еден долар се разменуваше за 15.300 либански фунти. Официјалниот курс се уште е 1.515 либански фунти за еден долар.

Коронавирус