петок, 25. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Вработените кај кралицата Елизабета II излегоа на штрајк

Вработените кај кралицата Елизабета II излегоа на штрајк

Синдикатот ПЦС објави на Твитер фотографии од вработени кои протестираат пред главниот влез во замокот против намалувањата на пензиите и отпуштањата.

ПЦС објави дека 200 вработени се вишок, а се планираат и кратења на пензиите.

Вработените одржаа тивок протест со врежаната фигура на кралот Хенри VIII.

„Кралот Хенри обезглавуваше … Сега тие сакаат да ни ги отсечат работните места и пензиите“, пишувало на транспарентите.

На вработените со пониски плати во трите кралски резиденции – замоците Виндзор, Бакингем и Холирод – им се намалиле исплатите во пензискиот фонд од 15 на осум проценти.

Фондацијата, која управува со замоците и 600 вработени, потврди дека се обидува да ги намали трошоците поради последиците од пандемијата.

Коронавирус