четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Вработени во Белата куќа отпуштени поради марихуана

Вработени во Белата куќа отпуштени поради марихуана

Белата куќа најави отпуштање на пет вработени поради употреба на марихуана, иако пред неколку недели беше најавена поблага политика кон употреба на лесни дроги.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки објави твит со кој се потврдија пет отпуштања откако беше објавено дека десетици вработени или биле суспендирани или биле замолени да си дадат оставка или да бидат сместени во специјална програма за работа од далечина заради претходна употреба на марихуана.

„Пред неколку недели објавивме дека Белата куќа работи со безбедносната служба за ажурирање на правилата за да се осигури дека употребата на марихуана во минатото нема автоматски да го дисквалификува персоналот од службата на Белата куќа“, рече Псаки.

Од вработените во Белата куќа беше побарано да признаат дека пушат марихуана „ограничено“ и да се согласат на тестирање на дрога.

Таа изјави дека од стотици ангажирани лица, само петмина од нив кои почнале да работат во Белата куќа веќе не се вработени како резултат на новата политика.

Употребата на марихуана е легална во некои држави во САД, но е забранета со федералниот закон.

Коронавирус