сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 33
home Вести

Вработен во медицински центар во САД намерно уништи 500 дози вакцини

Вработен во медицински центар во САД намерно уништи 500 дози вакцини

Вработен во медицинскиот центар Аурора во Висконсин намерно уништи 500 дози вакцина против Ковид-19 на производителот „Модерна“, објави локалниот телевизиски канал WBAY.

Претходно беше објавено дека минатата недела вработен во медицинскиот центар извадил 50 пакувања вакцини од фрижидерот и не ги вратил назад. Потоа, компанијата појасни дека станува збор за 57 пакети. Повеќе од 500 дози вакцина мораа да бидат отфрлени поради неправилно складирање.

Истрагата утврдила дека вработениот го направил тоа намерно. Името и причината за постапувањето на сторителот не се споменуваат, но тој повеќе не работи во медицинскиот центар. (МИА)

Коронавирус