петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 134
home Вести

Вработен во Европската централна банка позитивен на новиот коронавирус

Вработен во Европската централна банка позитивен на новиот коронавирус

Европската центѕрална банка соопшти дека еден нејзин вработен е заразен со новиот коронавирус и тој сега ја добива неопходната медицинска нега.
Во соопштението се додава дека околу 100 колеги кои работеле во близина на пациентот привремено ќе работат од дома. Детално се исчистени и дезинфицирани се сите простории во централата на Банката.

ЕЦБ додаде дека со цел да се спречи натамошното ширење на вирусот, презела превентивни мерки кои вклучуваат ограничување на патувања, се дава избор да се работи од дома, откажани или презакажани се повеќе конференции и состаноци.

ЕЦБ информираше дека вчера успешно бил тестиран системот за работа од далечина, со цел поголемиот дел од 3.500 вработени да можат да работат од дома.

Коронавирус