среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 129
Состојбата е алармантна

НЕОФИЦИЈАЛНО: 641 новозаразен, 325 се од Скопје

home Вести

Вознемирувачко видео: Србин се изживува со нож врз сограѓанин, хорор во шпанско летувалиште

Вознемирувачко видео: Србин се изживува со нож врз сограѓанин, хорор во шпанско летувалиште

Пред очите на шокираните британски туристи во шпанското летувалиште Коста дел Сол, Србин врзал свој земјак на балкон, го соблекол гол и му го сечел вратот.

Ужасот се случувал на балконот на третиот кат во зграда во близина на пристаништето Дукес, пред шокираните туристи. Мажот на другиот Србин му ставил крпа преку очите, го соблекол, го врзал за оградата на балконот, а кога дошла полицијата тој веќе со голем нож му го сечел вратот. Благодарејќи на брзата интервенција на полицијата, Србинот е спасен и префрлен во болница, а напаѓачаот веднаш бил уапсен.

Градоначалникот Марио Хименез и честиташе на полицијата за „професионалноста и храброста“.

-Ова е изолиран инцидент што бара силен одговор за да се обезбеди сугурноста на населението, рече градоначалникот.

Полицијата во Коста дел Сол соопшти дека им требаат повеќе докази за да го обвинат напаѓачот, апелирајќи до сведоците, британски туристи, да им достават  фотографии и видеа од инцидентот.

Коронавирус