недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 0
home Вести

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Проектил погоди автобус полн со деца, 50 загинати

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Проектил погоди автобус полн со деца, 50 загинати

Според најновите информации на Си-ен-ен, повикувајќи се на Министерството за здравство, убиени се околу 50 деца, а 77 се повредени. Си-ен-ен додава дека наведеното министерство е под контрола на бунтовниците.

Претходно, десетици луѓе, меѓу кои и деца, се убиени во воздушен напад во северот на Јемен, објави денес Меѓународниот црвен крст. Бунтовниците за нападот ја обвинуваат Саудиска Арабија.

„Десетици мртви, уште повеќе ранети, повеќето деца помлади од 10 години“, објави на Твитер шефот на Крвениот крст во Јемен Џонс Брауер.

Проиранските бунтовници Хути велат дека најмалку 39 луѓе се убиени, а 43 ранети кога авион на саудиската коалиција со проектил погодил автобус со деца на училишна возраст.