четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Вознемирувачко видео: Невидена тортура, полицајци со змија мачат затвореник

Вознемирувачко видео: Невидена тортура, полицајци со змија мачат затвореник

Индонезиската полиција призна дека нејзините припадници малтретирале затвореник со змија, откако на интернет се појави видео од ужасната тортура.

Иако индонезиската полиција се извини, сепак од тамошното министерство за внатрешни работи се обидоа да се оправдаат со тоа што открија дека змијата не била отровна, а полицајците не се определиле физички да го нападнат затвореникот кој бил притворен поради кражба.

На снимката може да се види како големата змија е ставена врз затвореникот, а еден од полицајците ја држи главата на змијата пред лицето на мажот кој станува хистеричен.

Од полицијата соопштија дека припадниците кои што го малтретирале затвореникот биле испратени на „етичка обука“, додека пак Вероника Коман од организација за човекови права во Индонезија, тврди дека со ваквите методи на „испрашување“, полицајците прекршиле неколку закони.

Коман открива дека ова е само најновиот, од неколкуте извештаи според кои се дознало дека војската и полицијата користат змии за испрашување на затвореници.