среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 11
home Вести

Воздухот во Загреб загаден, градските власти веднаш излегоа со препораки за граѓаните

Воздухот во Загреб загаден, градските власти веднаш излегоа со препораки за граѓаните

Загадувањето на воздухот во Загреб веќе неколку денови е над максимално дозволено ниво. Според последните мерења, во некои деловот од градот, концентрацијата на малите ПМ 2,5 честички е со индекс 70, што е за 20 повеќе од дозволеното.

Како што јави дописникот на МИА од Загреб, градските власти излегоа со совети до граѓаните како да се заштитат од загадениот воздух, но и како да не придонесуваат до понатамошен раст на концентрациите на ПМ 2,5 и ПМ10 честичките. На загрепчани им се препорачува да се воздржат од физички активности на отворено и да го користат јавниот превоз, а не личните автомобили.

Според податоците речи 15% од Хрватите за затоплување на своите домови употребуваат цврсти горива, што статистички е главна причина за зголемување на концентрациите на ПМ честичките.

Лекарите пак препорачуваат децата, старите и болните лица да не се изложуваат долготрајно на загадениот воздух, потсетувајќи дека тој лошо влијае и на кардиоваскуларниот систем, а болестите на срцето и крвните садови се причина број еден за смртноста во Хрватска.

Според последните мерење, Загреб денеска на листата најзагадени градови се наоѓа на 47 место. (МИА)