понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Возачот на камионот во кој се најдени 39 тела се појави на суд преку видео линк

Возачот на камионот во кој се најдени 39 тела се појави на суд преку видео линк

Возачот на камионот во кој се пронајдени 39 тела, кој е обвинет за убиство и заговор за трговија со луѓе, се појави денеска пред британскиот суд преку видео линк.

Возачот Морис Робинсон (25) пред судот во Челмсфорд преку видео линк го потврди својот идентитет и адреса.

Тој е обвинет по 39 точки за убиство, заговор за трговија со луѓе, заговор за помош за незаконска миграција и за перење пари, соопшти полицијата.

Робинсон не поднесе барање за кауција, а во притвор ќе остане до 25 ноември кога ќе продолжи постапката во централниот кривичен суд во Лондон.

Тој е уапсен веднаш откако беа откриени 39 тела во камион-ладилник во средата, неколку километри од англиското пристаниште Парфлит.

Коронавирус