вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

Воспитувачка од Кина осудена на смртна казна поради труење на 25 деца во градинка

Воспитувачка од Кина осудена на смртна казна поради труење на 25 деца во градинка

Воспитувачка од Кина е осудена на смртна казна зошто отрула 25 деца и едно убила во градинката во која работела, јавува БиБиСи.

Ванг Јун е уапсена минатата година кога децата од градинката во градот Џиазуо завршиле во болница зошто им слошило откако изеле каша за појадок. Инцидентот се случил на 27 март минатата година. Медиумите јавија дека 23 деца почнале да повраќаат и да паѓаа во несвест после појадокот.

Судот вчера утврди дека Ванг Јун ставила отров натриум нитрит во појадокот за да му се одмазди на едно дете со кое се расправала. Судот рече дека Ванг Јун делувала „со презир“ и „злоба“.

Судот утврди дека воспитувачлата ставила натриум нитрит во појадокот на децата на друг учител, откако тие се расправале околу прашањето за управување. Ова не било првпат Ванг Јун да труе некого, бидејќи судењето покажа дека таа претходно го ставила истиот отров во храната на нејзиниот сопруг, кој поминал со мали потешкотии.

Инаку, Кина одби да открие колку луѓе осудува на смрт годишно. Но организациите за човекови права проценуваат дека егзекутираат околу илјадници.

Коронавирус