среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 65
home Вести

Вооружен напад во училиште во САД – убиени се три ученици, а ранети осум

Вооружен напад во училиште во САД – убиени се три ученици, а ранети осум

Едно 15-годишно момче во средно училиште во американската сојузна држава Мичиген уби тројца соученици и рани уште осум лица, меѓу кои и еден професор.

Осомничениот, ученик во 10-то одделение во училиштето, бил уапсен без отпор откако испукал 15 до 20 куршуми од полуавтоматски пиштол, рече заменик шерифот Мајкл Мекејб. До ова дојде во училиштето во Оксфорд, Мичиген, на околу 65 километри северно од Детроит. Двајца од ранетите биле оперирани, а шестмина се во стабилна состојба, додаде тој.

Мотивот на напаѓачот не е познат.

Коронавирус