понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Вести

Вонредни парламентарни избори во Украина веројатно на 21 јули

Вонредни парламентарни избори во Украина веројатно на 21 јули

Вонредни парламентарни избори во Украина би можеле да се одржат на 21 јули, изјави денеска Андриј Богдан, советник на новиот претседател Владимир Зеленски.

Тој појасни дека претседателот денеска одржал консултации со пратениците и најприфатлив датум за одржување на изборите бил 21 јули.

Богдан, кој веројатно ќе биде шеф на кабинетот на претседателот, соопшти дека е можно Зеленски денеска да соопшти дел од новите имиња во власта.

Украинскиот премиер Володомир Гројсман вчера најави дека в среда ќе поднесе оставка и го повика Зеленски да преземе целосна одговорност за земјата. Оставката на Гројсман треба да биде потврдена и во Парламентот и доколку биде усвоена, тој ќе биде вршител на должност на премиер на земјата се додека пратениците не именуваат нов состав на владата по изборите.

Зеленски го распишти парламентот откако вчера во Врховната рада положи заклетва на почетокот на петгодишниот мандат како претседател на Украина.