сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Вонредната состојба во Шпанија продолжена за две недели

Вонредната состојба во Шпанија продолжена за две недели

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска обезбеди доволно гласови во парламентот за вонредната состојба во земјата да продолжи за уште две недели, а ќе почне да важи од следната недела.

Британските медиуми јавија дека продолжувањето на вонредната состојба го поддржаа 178 пратеници, 75 беа против, додека 97 се воздржаа од гласање.

Строгите рестриктивни мерки дадоа резултати, така што денес има 244 смртни случаи, што е многу помалку од речиси 1.000 колку што дневно беа регистрирани на почетокот на април.

Рестриктивните мерки, сепак, ја уништија економијата и доведоа до големи загуби на работни места.

-Укинувањето на вонредната состојба би било тотално непростлива грешка, рече Санчез за време на говорот во парламентот, во кој наведе дека милијардите евра државна помош на претприемачите и лицата погодени од рестриктивните мерки беа пуштени благодарение на фондот за итни случаи.

Коронавирус