петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 61
home Вести

Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера денеска прогласи вонредна состојба во главниот град Сантјаго, по протестите поради зголемувањето на цената на јавниот превоз, при што беа запалени многу згради во центарот на градот, а градското метро беше блокирано.

Демонстрантите, облечени во црно во знак на протест поради зголемувањето на цената на јавниот превоз, вчера подметнаа оган на неколку станици во метрото, запалија автобус и ги ограбуваа продавниците.

Затворени се 136 метро станици и прекинат е сообраќајот во должина од околу 150 километри.

Пинера, политичар од десниот центар, изјави дека ќе прогласи специјален закон за безбедност со цел да се процесуираат „криминалците“ одговорни за нанесената штета во Сантјаго. Тој исто така рече дека го разбира незадоволството на сите кои се погодени со зголемувањето на цената на јавниот превоз.

Чиле е една од најбогатите земји во Латинска Америка, но истовремено и една од оние во кои има најголема социјална нееднаквост.