петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Вонредна состојба на Нов Зеланд поради коронавирусот

Вонредна состојба на Нов Зеланд поради коронавирусот

Прогласена е вонредна состојба во Нов Зеланд поради Ковид-19.

Вонредната состојба беше прогласена по воведувањето на забраната за движење доцна синоќа и ќе биде на сила околу еден месец. Премиерката Џасинда Арден им порача на граѓаните да останат дома.

Таа изјави дека сите државјани на Нов Зеланд кои пристигнуваат во странство однадвор и покажуваат симптоми на коронавирусна инфекција ќе бидат сместени во изолација во специјални установи предвидени за таа намена.

Во моментов има 205 лица заразени со вирусот во Нов Зеланд.

Коронавирус