четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 185
home Вести

Володин: НАТО се обидува да ја окупира Украина

Володин: НАТО се обидува да ја окупира Украина

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин денеска оцени дека НАТО се обидува да ја окупира Украина и дека во тек се информативни подготовки за напредување на силите на украинска територија.

На отворањето на пролетната седница на Државната дума, Володин рече дека „во последните месеци има хистерија околу Украина и дека конгресмените и претставниците на Стејт департментот го плашат целиот свет со наводната претстојна руска инвазија“, пренесува РИА Новости.

„Очигледно е дека Вашингтон се обидува да го оправда своето проширување и напредување на трупите на НАТО кон руските граници“, додаде Володин.

Според него, сето тоа може да се смета за информативна подготовка за напредување на НАТО на украинска територија.

„Нивните инструктори, советниците се веќе таму. Сега размислуваат како да го оправдаат воведувањето војници“, рече Володин.

Коронавирус