недела, 19. септември 2021. Вести денес: 9
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Војската во Јужна Африка ќе и помага на полицијата за справување со немирите

Војската во Јужна Африка ќе и помага на полицијата за справување со немирите

Јужноафриканската армија ќе и пружи поддршка на полицијата во Јоханесбург и во провинцијата Квазулу-Натал на истокот на земјата, каде што од петокот траат немирите, по заминувањето на поранешниот претседател Џејкоб Зума во затвор.

Воените патроли веќе се наоѓаат на улиците низ градовите, но армијата во денешното соопштение наведе дека „распоредувањето ќе започне веднаш штом ќе завршат подготовките“.

Во Јужна Африка и денеска продолжија кражбите и палењето згради и автомобили, четврти ден по ред од затворањето на поранешниот претседател Џејкоб Зума, кој е осуден на 15 месеци затвор поради непочитување на судот.

Колку долго ќе бидат распоредени војниците и нивниот точен број ќе се утврди „врз основа на полициската проценка на состојбата на теренот“, додава армијата.

„Улогата на армијата ќе биде да овозможи безбедност и работно опкружување за да може полицијата да ја заврши својата работа во подобри услови“, се додава во соопштението.

Зума во средата вечерта отиде на издржување на затворската казна поради непочитување на судот, откако одби да одговара на прашања на антикорупциската комисија за време на неговиот мандат.

Ова е првпат во историјата на Јужна Африка поранешен претседател да е осуден на затворска казна.

Зума, претседател на економски најразвиената африканска земја од 2009 до 2018 година, е обвинет за бројни случаи на корупција, рекетирање, измами, затајување данок и перење пари.

Коронавирус