недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Војската на САД дизајнирала тест кој би можел да ги открие носителите пред да почнат да ја шират болеста

Војската на САД дизајнирала тест кој би можел да ги открие носителите пред да почнат да ја шират болеста

Научници кои работат за американската војска дизајнирале нов тест за коронавирусот кој потенцијално може да ги идентификува носителите пред да станат заразни и да продолжат да ја шират болеста, јавува Гардијан.

Тој тест, пишува весникот, би бил вистинска револуција бидејќи би го откривал присуството на вирусот побрзо од сега и пред носителот да стане заразен.

Тоа би можело да стане значително пробивање во борбата против болеста, а координаторите на проектот се надеваат дека со тестирањето на крвта ќе можат да го откријат присуството на вирусот 24 часа по инфекцијата, односно пред луѓето да покажат симптоми и неколку ден пред кога се смета дека носителот е способен да го шири вирусот на други.

Тоа е исто така четири дена пред да можат моменталните тестови да го откријат присуството на вирусот.

Тестот настанал од проект основан од американската Воена агенција за напредни истражувања во областа на одбраната (ДАРПА), а чија цел е брза дијагноза на бактерии или труење со хемикалии при хемиско војување.

Истражувањето било брзо пренасочено кога изби пандемијата, а се очекува тестот да биде предложен за одобрување за итна употреба од страна на американската Управа за храна и лекови (ФДА) во рок од една недела.

Доколку добие одобрување од ФДА, овој концепт на тестирање би го пополнил „дијагностичкиот јаз“ и целосно би ја „изменил играта“, подобрувајќи ја ефикасноста на програмата за тестирање и следење, додека владите во светот ги ублажуваат мерките, вели ДАРПА.

Коронавирус