вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

Војската на Азербејџан нападна воена единица на ерменска територија

Војската на Азербејџан нападна воена единица на ерменска територија

Вооружените сили на Азербејџан нападнаа воена единица во ерменскиот град Варденис, изјави портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степањан, најавувајќи „соодветен одговор“.

– Војската на Азербејџан отвори оган врз воена единица во Варденис, а исто така ја вклучи и авијацијата против овие позиции, напиша Степањан на својот Фејсбук профил.

Таа нагласи дека на операцијата и претходеле, како што наведе, „дезинформации на азербејџанското Министерство за одбрана дека наводно ерменската армија од реонот Варденис го гранатирала реонот Дашкасан во Азербејџан“.

– Очекувајте жесток одговор, истакна Степањан.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Аркрун Ованисјан изјави дека азербејџанската војска при нападот на ерменскиот град Варденис не гаѓала само воени единици, туку и цивили, но за среќа нема жртви. (МИА)

Коронавирус