среда, 23. септември 2020. Вести денес: 164
home Вести

Војската ја презема власта во Либан , најмалку 113 загинати во експлозијата (ВИДЕО)

Војската ја презема власта во Либан , најмалку 113 загинати во експлозијата (ВИДЕО)

Либанската влада прогласи двонеделна вонредна состојба, давајќи и на војската целосен авторитет по експлозијата, што сериозно го оштети главниот град Бејрут.

Владата објави и дека голем број службени лица во пристаништето каде се случило експлозијата ќе бидат ставени во куќен притвор додека се води истрага за тоа како со години се чуваат 2.750 тони амониум нитрат.

Несовесноста се претпоставува дека е причина за експлозијата во која загинаа повеќе од 100 луѓе.

Според најновите информации, најмалку 113 лица ги загубија животите во катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, а десетици се исчезнати , што е најновиот биланс што го објави денеска министерот за здравство, Хамад Хасан.

Во огромната експлозија што се случи вчеравечер се повредени 4.000 луѓе.

„Сигурно има повеќе (жртви) под урнатините и добиваме десетици извештаи за исчезнати“, рече министерот на прес конференцијата.

Две големи експлозии го опустошија поголемиот дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина.

Коронавирус