петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Војник уби најмалку 17 луѓе во Тајланд и држи заложници во трговски центар

Војник уби најмалку 17 луѓе во Тајланд и држи заложници во трговски центар

Најмалку 17 лица загинаа, а 14 се повредени во тајландскиот градот Корат, кој се наоѓа североисточно од Бангкок, кога војник започнал неконтролирано да пука, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на локални медиуми.

-Според последните информации, војникот и натаму е на слобода и се наоѓа во трговски центар каде наводно има заробено 16 лица, соопшти полицијата.

Полицијата го идентификуваше осомничениот како Џакрапант Тома.

Тој отворил оган во различни делови во градот, кој е оддалечен повеќе од 250 километри од Бангкок.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од кои може да се забележи дека пукање имало и во близина на трговски центар.

Локалните медиуми објавија и снимки на кои се гледа како војникот излегува од автомобил пред трговскиот центар и пука, додека луѓето бегаат.

Тајландските медиуми јавуваат дека војникот бил гневен и дека претходно од касарната украл возило.

„Не знаеме зошто го прави ова. Изгледа како да полудел“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана.

Осомничениот на својото Фејсбук-прогил ден пред нападот напишал дека „Смртта е неизбежна за сите“.

Тој исто така објавил и фотографија на која изгледа како да држи пиштол во раката.

Во еден момент, откако веќе започнал со пукањето, на социјалните мрежи запрашал „Дали да престанам?“, а потоа веќе не можело да се пристапи до неговиот налог.

Коронавирус