понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Војната во Сирија навистина заврши, тврди Лавров во интервју за руски весник

Војната во Сирија навистина заврши, тврди Лавров во интервју за руски весник

Ситуацијата во Сирија се враќа во мировниот канал – има само изолирани места на тензии. Тоа го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за рускиот весник „Труд“.

„Војната во Сирија е навистина завршена. Земјата постепено се враќа во нормален, мирен живот. Одделни   тензии се уште постојат само на територии што не се под контрола на сириската влада како што се Идлиб и источниот брег на реката Еуфрат”, рече Лавров.

Во овој контекст, тоа што е најважно денес е „да и се обезбеди на Сирија сеопфатна хуманитарна помош и да се придвижи напред со политички процес насочен кон решавање на кризата со цел да се постигне сигурна и трајна стабилизација во земјата, како и во регионот на Блискиот исток како целина“.

Според Москва, формирањето и активирањето на комитетот за развој на уставните реформи ќе биде важна пресвртница во спроведувањето на тој „политички процес што го водат и спроведуваат самите Сиријци со помош на ОН“.

Ова „ќе им овозможи на страните во Сирија – владата и опозицијата – за првпат да почнат директен дијалог за иднината на нивната земја“, додаде првиот руски дипломат.