четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 73
home Вести

Воднредна состојба до 31 октомври во Италија?

Воднредна состојба до 31 октомври во Италија?

Италијанската Влада планира да ја продолжи вонредната состојба во државата, што ќе овозможи да владее со уредби без потреба од парламентарно одобрување, и покрај силното спротивставување на опозициските партии.

– Владата ќе донесе одлука за продолжување на вонредната состојба до 31 октомври, само по одобрување од Парламентот, изјави денеска министерот за здравство Роберто Сперанза, пренесува „Политико“, повикувајќи се на италијанските медиуми.

Премиерот Џузепе Конте ќе ги информира сенаторите за намерите на Владата попладнево, а утре – Парламентот.

Владата кон крајот на јануари прогласи вонредна состојба за да им овозможи на министрите да се справат со кризата со коронавирусот. Таа одлука важеше шест месеци, а истече на крајот на јули.

Вонредната состојба во Италија може да трае најмногу 12 месеци, а потоа може да се продолжи за уште една година.

Коронавирус