понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 141
home Вести

Водечката земја во Европа по вакцинација подготвува детален план: Утврден датумот кога сѐ ќе се отвара

Водечката земја во Европа по вакцинација подготвува детален план: Утврден датумот кога сѐ ќе се отвара

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, најави дека баровите, продавниците и фризерските салони повторно ќе се отворат на 12 април, што ќе биде првиот голем чекор за излез од блокадата.

Џонсон рече дека треба да се заблагодари на брзиот процес на вакцинирање за фактот дека Ковид-19 е ставен под контрола, а Британија е на пат да се опорави од пандемијата.

Говорејќи на прес-конференција од неговата резиденција, тој потврди дека продавници, спортски сали, зоолошки градини, места за одмор, фризери, градини и сите видови услуги на отворено ќе бидат повторно отворени од понеделник, 12 април.

– Во понеделник на 12-ти, ќе одам сам во паб и внимателно ќе пијам пиво – додаде Џонсон.

Во друго охрабрување за семејствата кои се очајни да си го вратат стариот живот, Џонсон рече дека очекува да врати повеќе слободи како што беше планирано на 17 мај и 21 јуни.

– Ние го имаме нашиот пат и остануваме на тоа. Ние не гледаме ништо во сегашните податоци, па затоа сметаме дека ќе мора да отстапиме од таа мапа на патот. Но, со претпазливост, следење на податоците во секоја фаза и почитување на правилата, се надеваме дека заедно ќе го направиме овој пат кон слободата неповратен – додаде премиерот.

Велика Британија води во бројот на вакцинирани во Европа, а досега повеќе од 31,5 милиони возрасни примиле вакцина против коронавирусот , пренесува британски Сан.

Од 12 април, пабовите и рестораните ќе можат да им служат на клиентите надвор, сè уште почитувајќи ги правилата за социјално растојание и носејќи маски. Некои сопственици на ресторани велат дека резервациите се веќе на завидно ниво, бидејќи луѓето не можат да чекаат да јадат и да пијат надвор за прв пат од почетокот на блокадата.

Коронавирус