понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 33
home Вести

Водачот на протестите против носење заштитни маски во Тексас почина од Ковид 19 на 30 годишна возраст

Водачот на протестите против носење заштитни маски во Тексас почина од Ковид 19 на 30 годишна возраст

Кејлеб Волас, водачот на движењето против носењето заштитни маски во централен Тексас, почина од ковид-19. Тој бил три недели на интензивна нега. Ваквата информација на социјалните мрежи ја сподели објави неговата сопруга Џесика, која преку интернет собираше средства за неговото лекување. Таа неодамна изјави дека состојбата на 30-годишниот Волас се влошила и дека лекарите веќе немале опции како да го лекуваат.

„Во саботата, тој беше префрлен во болницата во Сан Анџело за да може семејството да се прости од него“, изјави Џесика Волас, која е бремена по четврти пат.

Волас повремено се појавувал во локалните медиуми поради својот конзервативен активизам, но со поширока популарност се здобил откако станал еден од организаторите на „маршевите за слободата“, на кои се протестираше против локалните и националните мерки за носење заштитна маска во пандемијата на коронавирусот. Тој притоа бил еден од основачите на движењето „Бранители на слободата на Сан Анџело“, кое се бореше против коронамерките и задолжителното вакцинирање.

Локални избори 2021