недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Вести

Водачот на „Кју Клукс Клан“ е убиен од сопругата: Таа сакаше да го обвини синот, па доби доживотна казна затвор

Водачот на „Кју Клукс Клан“ е убиен од сопругата: Таа сакаше да го обвини синот, па доби доживотна казна затвор

Малиса Анкона го убила својот сопруг Френк, водачот на Кју Клукс Кланот од американската држава Мисури, во февруари 2017 година и неговото тело го фрлила во река.

Таа делото го призна и е осудена на доживотна робија.

По убиството, на полицијата ѝ го пријавила исчезнувањето, а на крај на Фејсбук тврдеше дека Френк е убиен од страна на нејзиниот син Пол Џинкерсон, пренесе Би-би-си.

Како можен мотив за убиството се смета дека покојниот Анкона од жена си побарал развод.

Френк Анкона ја имал титулата „империјален волшебник“ во расистичката организација Кју Клукс Клан.