сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 1
home Вести

Во живо на ТВ ќе бидат емитувани делови од Самитот меѓу двете Кореи

Во живо на ТВ ќе бидат емитувани делови од Самитот меѓу двете Кореи

Северна и Јужна Кореја се договорија делови од средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседаел Мун Џае-ин да бидат пренесувани во живо на телевизија.

Во соопштение од канцеларијата на Мун се наведува дека од средбата која ќе се оддржи следната недела во пограничното село Панмунџон ќе бидат емитувани најважните моменти, со оглед дека е ова прва средба на двајцата лидери.

Средбата на 27 април ќе биде трет Самит меѓу Јужна и Северна Кореја од крајот на Корејската војна (1950-1953).

Самитот се смета за клучен чекор кон решавање на севернокорејската нуклеарна криза.

(Миа)

Коронавирус